Вецлар и Миркуловски не најдоа решение за „лисиците“ од Берлин

filip

Тимот на Вецлар доживеа пораз од Фуксе Берлин од 29-24 на мечот кој вечерва се одигра во „Ритал Арена“ во рамките на Бундеслигата.

Домашниот тим по победите против Гумерзбах и Гепинген не успеа да го пронајде вистинскиот ритам против „лисиците“ од Берлин кои денеска доминираа, а тоа најдобро се гледа по фактот што ги добија во своја полза двете полувремиња (12-14, 12-15).

Искусното крило Линдберг со 11 голови беше најдобар стрелец на натпреварот, додека македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски не се запиша во листата на стрелци, но запиша една асистенција.

Facebook Коментари