Вецлар и Миркуловски го изненадија Берлин за триумф на „Хајде“ купот

veclar-hajde

Вецлар успеа да го изненади фаворизираниот Фуксе Берлин во финалето на „Хајде купот“ во Германија (33:30), а трофејот прв го подигна капитенот на победничката екипа, Филип Миркуловски.

Македонскиот интернационалец и неговите соиграчи доминирале против составот на чиј гол шест одбрани собрал Дејан Милосављев, а најдобар реализатор бил Холст со 7 голови.

На турнирот учествувале уште и Хамбург, Ст. Рафаел, Кристијанштад и руската репрезентација.

mirkulovski-trofej

Facebook Коментари