Вецлар ја потврди разделбата со тренерот, Миркуловски ќе биде следен предводник на бундеслигашот

mirkul

Македонскиот ракометен интернационалец, Филип Миркуловски е главен фаворит да биде следен тренер на неговиот актуелен клуб Вецлар.

Денеска клубот соопшти дека актуелниот тренер Каи Вандшнајдер нема да добие нов договор, што значи дека неговата соработка со Вецлар ќе заврши по сезоната 2020/21.

Вандшнајдер самиот изјави дека сакал да остане на тренерската позиција, но клубот имал поинакви планови, а тоа го потврди директорот Бјорн Зajп. Тој самиот навестува дека актуелниот капитен Миркуловски веројатно ќе биде иден тренер на Вецлар.

– Филип ќе ја искористи следната сезона за да се адаптира на новата улога на асистент на тренерот, со што ќе биде подготвен да преземе и поголема одговорност по летото во 2021 година, – изјавил Зajп кој индиректно го навестува идниот ангажман на поранешниот македонски репрезентативец.

Facebook Коментари