Вечното дерби во „Градски парк“ одложено поради проблем со семафорите

Rabotnicki-MZT20181

Кошаркарското дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје е одложено, а причина се техничките проблеми со помошните семафори кои не проработеа и покрај обидите на организаторот.

Ако претходното соочување на скопските ривали беше доигрувано без публика поради однесувањето на дел од навивачите во салата „Градски парк“, денеска пресметката не ни започна, а според најавите ќе се одигра во текот на утрешниот ден.

Официјалните лица дополнително ќе соопштат во кој термин ќе се одигра средбата.

Facebook Коментари