Поврзете се со нас

Македонија

Вечното дерби траеше три часа, МЗТ си замина како победник од „Кале“

Објавено

на

Пресметките меѓу Работнички и МЗТ Скопје традиционално носат голема доза на ривалство и меѓу нивните фанови, но наместо да се зборува за кошарката, денешното вечно дерби повторно ќе остане во сенка на инцидентот во втората четвртина.

МЗТ почна фуриозно на натпреварот кој се играше во СРЦ Кале и дојде до позитива од 30:13, но во моментите кога течеше 13-та минута на семафорот, судијата и делегатите го покажаа патот кон соблекувалните.

Причина за тоа беше дивеењето од трибините на кои беа сместени навивачките групи „Сити парк бојс“ и „Фемили“, па откако на теренот беа фрлени петарди, ленти и разноразни предмети, теренот повеќе изгледаше на воена зона, отколку на место на кое се игра кошаркарски натпревар.

Поради големите нереди, полицијата ги празнеше трибините на кои се наоѓаа двете навивачки групи, па после речиси час и половина пауза, натпреварот повторно беше продолжен.

По големата пауза, работите не се променија на теренот и Работнички едноставно не можеше да му парира на актуелниот шампион, кој со рутинска игра лесно ја завери победата со конечни 70:56.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни