„Вечното дерби“ ги врати навивачите, „С.П.Б“ ја испровоцира „Фемили“ за предвремено враќање во „Јане Сандански“ (ФОТО)

bojan trajkovski vs rabotnicki

Неодамна позитивно изненаден од враќањето на публиката во кошаркарските сали беше и националниот тим, а „вечното дерби“ испровоцира ново продолжение на тој тренд.

Навивачката група „Фамилија“ на МЗТ Скопје која долго време ги бојкотираше натпреварите на клубот најави враќање за претстојниот дуел од АБА лигата со Морнар, но сепак гостувањето на тимот од Градски парк, како и нивната навивачка група „Сити Парк Бојс“, покажа дека се уште пламтат старите страсти.

Во текот на втората четвртина од натпреварот кој им припадна на гостинските кошаркари, „од никаде“ се појавија навивачите на МЗТ Скопје со свои песни, што претставува увертира во нивното конечно враќање.

На крајот сепак се радуваа навивачите на Работнички, но спортската јавност останува да го чека вистинскиот камбек на „сино-белите“ со што сигурно ќе се врати добрата атмосфера, а можеби и добрата игра на МЗТ Скопје.

familija vs cpb

Facebook Коментари