Поврзете се со нас

НБА

Вечно ќе живее: Коби Брајант доби бронзена статуа пред арената на Лејкерс (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/jovanbuha

Коби Брајант е една од најголемите легенди на Лос Анџелес Лејкерс, клуб кој вечно ќе му биде благодарен за се што направи низ годините додека беше дел од организацијата.

Како легенда и човек со кој едноставно Лејкерс на прва се поврзува, тој заслужи најголема почит и чест, истата ја добива иако не е помеѓу живите. Имено бронзена статуа со него беше откриена пред арената во која настапува клубот од Калифорнија.

Статуата е опкружена со пет реплики на трофејот Лери О’Брајен, а има и цитат од Коби кој вели:

-Оставете ја играта подобра отколку што сте ја нашле. И кога ќе дојде време да заминете, оставете легенда, -стои во пораката.

Со оглед на тоа што живееме во модерно време има и QR-код за фановите кој ќе ве однесе до видеото во кое наратор е Дензел Вашингтон.

Инаку оваа статуа го покажува Коби со својот поттег по легендарната партија против Торонто Рептрос на која постигна 81 поен.

Ќе има уште две статуи, една на Брајант со дресот со број 24 и една заедничка со неговата ќерка Џијана која исто така загина во хеликоптерската несреќа во 2020 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни