Македонија
„Вечно дерби“ и во финалето на Купот: Еурофарм Пелистер закажа нов ракометен спектакл во Кавадарци

Според сите очекувања и прогнози, во недела во Кавадарци ќе бидеме сведоци на нов ракометен спектакл во Македонија, бидејќи Вардар и Еурофарм Пелистер без проблеми се изборија за нова пресметка во битката за трофеј.
Откако првично Вардар победи во првото полуфинале против вториот тим на Еурофарм Пелистер, првиот тим на битолчани вечерва ја оправда фаворитската улога против Бутел и со сигурна победа закажа финална пресметка против вечниот ривал.
Еурофарм Пелистер брзо го наметна својот посакуван ритам и во првиот дел од првото полувреме одржаваше предност од четири разлика, а до заминување на паузата направи огромна предност од плус седум гола (16:9).
Ова беше добра најава дека Бутел нема што да бара против далеку подобриот и поквалитетен противник, па иако се обиде да се врати, тоа беше безуспешно и само успеа да го ублажи поразот.
На крајот, Пелистер победи со 25:21 и се чекираше како втор патник во финалето во Купот, во кое за противник ќе го има Вардар во битката за титулата.
Павлетиќ со шест гола беше најефикасен во победничкиот тим, еден помалку постигна Мандалиниќ, а по пет реализации имаа и Митев и Мајиќ во противничкиот табор.
-
Македонијапред 10 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Англијапред 17 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Германијапред 15 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 16 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Шпанијапред 17 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 14 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Англијапред 14 часа
Марез промаши пенал за победа на Сити, Ливерпул се уште е во игра за трофејот во ПЛ (ВИДЕО)