Поврзете се со нас

Олимписки игри

Вечниот Скола има намера да игра на ОИ во Токио

Објавено

на

blank

Аргентинската кошаркарска легенда, Луис Скола нема намера да се откаже од својот сон и планира да настапи на Олимписките Игри во Токио.

Ова лето Јапонија требаше да биде домаќин на големиот настан, ама поради пандемијата со коронавирусот истиот беше откажан, презакажан за 2021 година. Тогаш Скола ќе има 41 година, меѓутоа ако се биде како што треба тој има намера уште еднаш да биде лидер и ги води „гаучосите“.

-Искрено мојата идеја отсекогаш била да играм во Токио и би сакал тоа да го направам. Ако се е во ред не гледам причина зошто да не играм, -порача Луис кој со Аргентина има златен и бронзен медал од ОИ (Атина и Пекинг).

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни