Поврзете се со нас

Шпанија

Вечниот „џокер“ на Симеоне го освои „Сан Мамес“ со гол во 93. минута (Видео)

Објавено

на

Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид одиграа крајно претпазлив дерби натпревар во шпанската Ла Лига, но во моментите кога домаќините решија да ризикуваат и да тргнат по трите бода, добија тежок удар и казна од која немаше враќање назад.

Двата тима понудија премалку за она што се очекуваше од овој натпревар на „Сан Мамес“, но ризикот на Атлетик во завршницата испадна како лоша опција, бидејќи избраниците на Чоло Симеоне дочекаа голема грешка од Лекуе.

Дефанзивецот на домашниот тим погреши на срединта на теренот и отвори контра за Серлот, по што новото засилување на Атлетико го проигра Анхел Кореа кој мирно погоди за 0:1.

Вечниот „џокер“ на Чоло Симеоне повторно се покажа како клучен на еден тежок натпревар и одново се погрижи за важни три бода во Ла Лига, со кои Атлетико изби на второто место на табелата.

Со два реми исходи и две победи, Атлетико има вкупно осум бода, четири помалку од првопласираната Барселона.

Голот погледнете го ТУКА

 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни