Поврзете се со нас

Европски првенства

Вечер за паметење: Кварацхелија го доби МВП признанието, па откри каков фудбалски џентлмен е Роналдо (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/geo__team

Квича Кварацхелија стана фудбалски хит во Италија пред две години, но се чини дека вчеравечер ја доживеа најубавата ноќ во својата кариера, од една страна поради тоа што играше против својот идол, а од друга поради фактот што Грузија испиша фудбалска историја.

Дебитантнот на Европските првенства направи сензација и ја победи Португалија со 2:0, а голот на Квича беше оној кој го најави ова лудо и неочекувано сценарио на мечот во Гелзенкирхен.

Популарниот Кварадона уште во најавите за мечот го посака дресот на Кристијано Роналдо и побара од Португалецот да му го исполни сонот, па не самошто се случило тоа, туку капитенот на противничкиот тим му посветил и убави зборови уште пред мечот.

– Го добив дресот од Роналдо и се пласиравме во осминафиналето. Ова е најдобриот ден во историјата на грузиските фанови. Направивме историја, никој не веруваше дека можеме да направиме вакво нешто.

– Роналдо ми пријде пред натпреварот и ми посака успех. Никогаш не можев да замислам дека тој ќе дојде да поразговара со мене. Тој е голем играч, но и голема личност. Затоа добива такво внимание на теренот и надвор од него. Навистина многу го почитувам и кога некој таков ќе дојде да зборува со вас пред мечот, има зошто го прави тоа. Горд сум што ја победивме Португалија, ова е вечер за паметење, – изјави Кварацхелија по добиената МВП награда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни