Поврзете се со нас

Шпанија

Вечер во знакот на Крос: Шпалир за Германецот, па многу емоции на „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Реал Мадрид не успеа да го совлада Бетис (0-0) во последниот лигашки меч за оваа сезона, но резултатот и играта беа во втор план, а причината за тоа е Тони Крос.

Крос пред неколку дена објави дека заминува во пензија по крајот на кампањата, одлука со која изненади затоа што се неколку изгледаше дека ќе игра барем уште една година за шпанскиот великан.

Меѓутоа Германецот донел одлука, пресекол и оваа вечер го одигра последниот танц на „Сантијаго Бернабеу“, место кое беше негов дом во изминатава деценија.

Тој беше поздравен пред почетокот на натпреварот, доби шпалир од кој дел беа и играчите на Бетис што доволно говори колку е почитуван, ценет играчот за врска.

Најемотивниот момент се случи во самата завршница кога беше повлечен од игра, неговото семејство, деца не можеа да ги сокријат солзите, емоциите кои и Тони не можеше да ги задржи.

Искусниот ас има уште една задача во дресот на „кралевите“, финалето на ЛШ против Борусија Дортмунд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни