Поврзете се со нас

Лига на нации

Вечер на реми исходи: Англија и Италија останаа без муниција, Депај не реализираше пенал во 91. минута (Видео)

Објавено

на

Денешните натпревари во Лигата А на Лигата на нации ќе се памети по реми исходите кои ги видовме, бидејќи сите четири пресметки завршија мирољубиво и со поделба на бодовите.

Во големото дерби кое се играше во Вулверхемптон, Англија и Италија понудија многу шанси и офанзивен фудбал, но на висина на задачата беа и двајцата голмани и напаѓачите останаа без муниција.

Офанзивните фудбалери имаа погрешни одлуки во најважните моменти, па така средбата на „Молину“ заврши со 0:0, што всушност беше реприза на големото финале од Европското првенство.

Холандија вечерва одново беше блиску да стигне до победа во судиското продолжение како што беше и против Велс, но наместо тоа, како трагичар се исткана Мемфис Депај.

„Лалињата“ се вратија од негатива од 0:2 против Полска која поведе со головите на Кеш и Зиелински, но во клучен момент, Депај потфрли во 91-та минута.

Ѕвездата на Барселона сакаше да постигне ефектен гол со силен удар, но наместо мрежата, ја погоди рамката и така натпреварот заврши 2:2 (головите за Холандија ги постигнаа Класен и Думфрис).

На останатите два меча видовме идентични резултати, односно Велс и Белгија ремизираа 1:1, додека истиот резултат беше и на натпреварот меѓу Унгарија и Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни