Вечер на фаворитите во ЛШ: „Петарди“ на ПСЖ, Сити и Тотенхем, минималци за Јувентус, Реал и Баерн (Видео)

kros

Сите фаворити остварија победи на вечерашните средби од 21 часот во Лигата на шампионите. Ова е заклучокот од шесте средби кои се одиграа низ Европа, а во кои до триумфи стигнаа Реал Мадрид, Јувентус, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Пари Сен Жермен и Тотенхем.

Реал дојде до првото славје во оваа сезона и тоа на гостувањето во Истанбул кај Галатасарај со 1-0 со погодокот на Тони Крос во 18 минута. Ова за Германецот беше 100 настап во елитното натпреварување и стана само петтиот играч кој погодил на јубилејот (Роналдо, Пирло, Ибрахимовиќ, Анри).

Јуве долго време се мачеше и губеше од Локомотив Москва, ама Пауло Дибала во периодот од 77 до 79 даде два гола за комплетен пресврт и три бода (2-1).

Баерн пак беше подобар од Олимпијакос со 3-2,  додека по пет голови во мрежите на противниците дадоа Сити, ПСЖ и Тотенхем против Аталанта, Бриж и Црвена Звезда.

Facebook Коментари