Поврзете се со нас

Англија

Веб призна една грешка која го прогонува: Се молев Роналдо да го промаши пеналот (Видео)

Објавено

на

Светските познатите фудбалски судии ретко ги признаваат своите грешки и уште помалку сакаат да говорат за нив, но сепак кога овие луѓе ќе заминат во заслужена пензија, многу полесно е да се навраќаат на работите кои ги прогонувале за време на кариерата.

Хауард Веб своевремено беше елитен светски и најдобар англиски судија, а во последното обраќање кое го имаше за „Атлетик“, легендарниот арбитар призна дека во 2009-та година донел една погрешна проценка на натпреварот од 34-то коло меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем на „Олд Трафорд“.

Јунајтед водеше битката за титулата со Ливерпул и ја доби истата, а токму на натпреварот со Тотенхем истата можеше да се закомпликува со оглед на тоа што гостите на полувремето имаа водство од 0:2

На стартот на вториот дел, Јунајтед доби пенал по едно паѓање во шеснаесетникот на Карик и тука започна фантастичниот пресврт кој заврши со победа од 5:2, а Веб 11 години подоцна, признава дека направил грешка и се молел Роналдо да го промаши пеналот.

 – Видов како Карик стигна прв до топката и потоа голманот го допре. На прв поглед, тоа беше лесен пенал за судење. Очекував стандардни протести од играчите, но само го здогледав огорчениот и разочаран поглед на голманот Гомес. За неколку секунди, сфатив дека направив голема грешка. Ја задржав првичната одлука, не знаев во што погрешив, но знаев дека нешто не е добро. Само сакав Роналдо да го промаши пеналот и се молев за тоа, но не се случи, – открива Веб.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни