Поврзете се со нас

Свет

Веа се извини за својот испад, Американците пријавија дека добил расистички навреди

Објавено

на

Фото: twitter.com/USMNT

Американската фудбалска репрезентација неочекувано загуби од Панама и си ги намали шансите за пласман на нокаут фазата на Копа Америка, а како главен виновник од страна на фановите е промовиран Тимоти Веа.

Фудбалерот на Јувентус удри противнички фудбалер и беше исклучен во 18. минута, па и покрај водството на неговата селекција, Панама до крајот направи пресврт и победи со 2:1.

Веа неколку часа по натпреварот се извини преку социјалните мрежи, потенцирајќи дека е свесен за штетата која ја предизвикал за колегите и националниот тим, но и тоа не беше доволно за да избегне расистички навреди.

Американската федерација откри дека Веа, Вестон МекКени, Фоларин Балогун и Крис Ричардс заработиле расистички навреди преку социјалните мрежи, однесување кое очекувано е оценето како неприфатливо и непристојно.

Американците во пресрет на третото коло имаат ист број бодови со Панама, но во последната рунда ќе играат против Уругвај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни