Поврзете се со нас

Свет

Веа направи глупост, Американците шокирани од Панама (Видео)

Објавено

на

Фото: twitter.com/USMNT

Тимоти Веа заработи директен црвен картон поради непромислен неспортски потег уште на почетокот на натпреварот во Атланта, а неговата американска репрезентација беше изненадена од Панама (2:1) во втората рунда од групната фаза на Копа Америка.

Веа беше исклучен во 18. минута откако судијата беше повикан да ја прегледа снимката од спорниот момент, а само четири минути подоцна Балогун постигна атрактивен гол за водство на САД.

Сепак, четири минути подоцна Панама израмни, а во завршницата успеа и да направи целосен пресврт со голот на Фахардо во  83. минута. Судијата од Салвадор во финишот покажа црвен картон и за член на панамскиот состав, но фаворитот не успеа да стигне до израмнување и сега е под закана од рана елиминација во пресрет на последното коло.

Панама и САД имаат по три бода, но проблем за Американците е што во последната рунда играат со Уругвај и за освојување на второто место ќе им биде потребен позитивен резултат против главниот фаворит во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни