Поврзете се со нас

Лига Европа

Вчерашниот натпревар на „Олд Трафорд“ беше историски за Манчестер Јунајтед и еден играч на клубот

Објавено

на

Манчестер Јунајтед вчера одигра рутинска средба против Реал Сосиедад на која ремизираше без голови што беше и повеќе од доволно за пласман на „ѓаволите“ во осминафиналето од Лига Европа.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед направи голем број промени на вчерашната средба на која шанса добија оние играчи кои немаат голема минутажа во премиерлигашките натпревари.

Во вториот дел солидна минутажа добија и младите играчи, Амад Диало и Шола Шоретаер кои не покажаа којзнае колку на теренот, но сигурно се здобија со значително искуство во пресрет на следните предизвици.

Шола Шореатаер со вчерашниот настап за Манчестер Јунајтед влезе во историјата на клубот затоа што стана најмладиотиграч кој некогаш заиграл за „ѓаволите“ во европските натпреварувања.

Со само 17 години и 23 дена играчот од средината на теренот стана најмладиот играч кој некогаш заиграл за Јунајтед во Европа. Шоретаер претходниот викенд дебитираше за клубот и на натпревар од Премиер лигата, но рекордот за најмлад фудбалер кој дебитирал за Јунајтед во Премиер лигата се уште го држи Анхел Гомез кој дебитираше во првио тим со 16 години и 263 дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни