Поврзете се со нас

Европски првенства

Важно предупредување за македонската „Фаланга“: Не смеат да го внесуваат знамето од Кутлеш во салата во Вараждин (Фото)

Објавено

на

Македонската навивачка армија полека се упатува кон Вараждин и се очекува да биде во голем број уште на првиот натпревар против Унгарија кој го играме веќе утре, но во најавите за официјалниот старт на Светскто првенство, организаторот на турнирот го објави и кодексот на однесување кој ќе мора да го почитуваат сите фанови кои ќе бидат присутни на натпреварите.

Големиот ракометен собир стартува денеска и ЕХФ доставил официјален допис до сите земји кои се домаќини на турнирот, па така Хрватите го преведоа кодексот на свој јазик и нагласија на што ќе мора да внимаваат фановите.

Со цел да се избегнат немили инциденти и непотребни исфрлања на одредени поединци, хрватскиот организатор им препорача на фановите да го запазат редот за внесување на само официјални знамиња од земјите учеснички, што за нашите навивачи значи дека нема да смеат да влезат во салата во Вардаждин со знамете од Кутлеш.

Знамињата мора да бидат само од земјите учеснички и објавена е слика од сите официјални обележја, со напомена дека големината на истите максимално може да достигне 2×1,5 метри.

Во соопштението се додава дека не смее да има големи знамиња кои ќе го попречуваат видикот на останатите ракометни симпатизери, а нема да биде дозволено внесување на знамиња со навредлива содржина и политичка позадина.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни