Поврзете се со нас

Македонија

Важни вести од Аеродром: МЗТ го договори клучниот двоец за наредната сезона

Објавено

на

МЗТ Скопје Аеродром со огромно разочарување ги преживеа последните одлуки на кошаркарската Федерација за прекин на првенството, но помирувањето со судбината, во превод значеше и правење први планови за наредната сезона.

„Металците“ денеска излего со соопштение со кое ги израдуваа своите верни фанови, бидејќи двајцата клучни луѓе за успесите оваа сезона ќе бидат дел од тимот и во новата.

Ѓорѓи Кочив се обврза на нов договор со клубот и ќе биде предводник на тимот од клупата иа наредната кампања, а истото важи и за капитенот Дамјан Стојановски.

– Екипата на МЗТ Скопје Аеродром и следната сезона од клупата ќе биде предводена од досегашниот тренер Ѓорѓи Кочов, додека капитен и понатаму ќе биде репрезентативецот Дамјан Стојановски. Двајцата денеска договорија продолжување на соработката, која само формално ќе биде официјализирана во следните неколку дена.

За Кочов ова ќе биде трета сезона која ќе ја почне како прв стратег на четата од „Јане Сандански“, функција на која беше промовиран во првата половина од 2018 година на местото на Жељко Лукајиќ, чиј помошник беше дотогаш. Зад себе има шампионска титула освоена лани, како и епитет морален шампион по убедливото прво место на табелата во моментот кога беше прекинато годинешното првенство поради пандемијата со коронавирусот.

Стојановски, пак, се обврза да го носи сино-белиот дрес и во следните две сезони, со што би заокруж целата декада како играч на нашиот клуб, што дефинитивно ќе биде остварување за респект и за историјата. Зад Дамјан е можеби најдобрата сезона во кариерата и тоа со просек од 14,8 поени, четири скока и 1,6 асистенции на 22 средби во АБА2 и од 15,3 поени, 4,8 скока и 2,1 асистенции на 15 средби во домашната Прва лига. Тој досега се има закитено со пет шампионски титули (2013, 2014, 2015, 2016 и 2019 година) и шест трофеи во Купот на Македонија (2007, 2009, 2013, 2014, 2016 и 2018), а четири пати беше избран за најкорисен МВП-играч во финалните серии од домашното првенство.

Во моментов, покрај него, договорна обврска со МЗТ Скопје Аеродром имаат уште и Андреј Магдевски и Бојан Крстевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни