Македонија
Важна вест од Струга: Македонскиот шампион се засили со играч со богата интернационална кариера

Струга Трим и Лум како актуелен македонски шампион заостанува пет бода од лидерот на табелата, но како клуб кој не планира лесно да се откаже од статусот на национален шампион, сега во првиот тим придодаде еден крајно искусен фудбалер.
Струга денеска преку социјалните мрежи се пофали со најновото засилување за пролетниот дел од сезоната, а тоа е 27-годишниот Маудо Жаржу кој е поранешен репрезентативец на Гвинеја.
Станува збор за искусен 27-годишен дефанзивец кој има богата интернационална кариера, која ја има градено и во клубови како Австрија Виена, Елфсборг и Слован Братислава.
Последен клуб за кој настапувал бил Сандефјорд од Норвешка, а следна станица ќе му биде Првата македонска фудбалска лига.
Природна позиција на Жаржу е централен бек, а во редовите на Струга доаѓа како слободен агент.
-
Лига на шампиони23 часа
Пеналот во ЛШ ја крена на нозе цела Италија: Завршивме со фудбалот! (Видео)
-
Англија15 часа
Мареска донесе одлука, Челси има нова „единица“
-
Македонија23 часа
Омерагиќ им се обрати на судиите пред пролетниот дел од сезоната: Мојот телефон не е тајна, нема простор за манипулации!
-
Лига Европа16 часа
Балканците му донесоа убедлива победа на Фенербахче, Сосиедад славеше во Данска (ВИДЕО)
-
НБА24 часа
Кајри-шоу од кое застанува здивот: Ирвинг постигна три тројки за 40 секунди и го откажа Голден Стејт (Видео)
-
Шпанија22 часа
Тажна вест: Почина младото момче на кое Мбапе му ја исполни последната животна желба (Видео)
-
Боречки спортови21 час
Се ближи неизбежното: Усик најави уште две големи борби пред да стави крај на кариерата
-
Конференциска лига14 часа
Николов и Шишковски славеа со Борац Бања Лука, Антони со мајсторија ја најави победата на Бетис (ВИДЕО)