Франција
Важна најава од Килијан: Мбапе се отвори за својата иднина и откри зошто го одложува потписот со ПСЖ

Килијан Мбапе има важечки договор со ПСЖ до јуни 2022-ра година, а во моменти кога добро познато е дека клубот прави секакви напори за да ја продолжи соработката со младата француска ѕвезда, конечно пристигна искрена и објективна изјава од самиот фудбалер.
Напаѓачот постигна два гола во победата на ПСЖ од 4:0 во дуелот со Монпелје со кој беше отворно новото коло во Лига 1, пресметка по која Мбапе отворено им порача на француските медиуми дека се наоѓа во момент кога размислува што ќе прави со својата иднина, па поради тоа не одговара на понудата која ја има од „светците“ и за која веќе зборуваше оперативецот Леонардо.
Интересно е тоа што Мбапе не пропушти да нагласи дека е многу среќен во Париз, па доколку одлучи да остане во ПСЖ тоа ќе биде за многу години.
– Вистина е, преговораме со клубот за видиме во кој тек ќе оди проектот. Мора да признаам дека се уште размислувам, бидејќи ако потпишам нов договор со ПСЖ, тоа ќе биде за многу години и ќе бидам тука долго време. Многу сум среќен тука, секогаш било така и така е и сега.
– Сепак, во овој момент потребно ми е време за добро да размислам што сакам да правам и каде сакам да бидам наредните години. Да, набрзо ќе мора да донесам одлука, но во овој момент сум во процес на размислување. Ако го имав одговорот денеска, ќе ви го кажев. Не го велам ова за да добијам на време, вистина го мислам ова. Не сакам да потпишам договор и после една година да кажам „сакам да си одам“. Ако потпишам со ПСЖ, тоа ќе биде на долг период, а таква одлука заслужува добро размислување, – порача Мбапе.

- Шпанијапред 17 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 18 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 15 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 19 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 21 час
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 15 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 16 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити