Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Важен стартер на Реал со цврст став: Сити е најдобар тим во светот!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Родриго Гоеш пред две години беше „златна резерва“ на Карло Анчелоти во незаборавниот поход кон 14-та титула во Лигата на шампионите, но Бразилецот со текот на времето се претвори во незаменлив стартер, особено откако Карим Бензема го напушти „кралскиот клуб“.

Родриго го дочекува новото финале во најелитното натпреварвуање како важна алка од тимот на Карлето и сигурно ќе биде стартер утре против Борусија, но во најавата за големиот меч на „Вембли“, испрати и интересна порака за најтешкиот ривал кој Реал веќе го мина во Лигата на шампиони.

Напаѓачот на Реал Мадрид не се срами да признае дека Сити играл многу подобар фудбал од Реал во четвртфиналето, но тоа не значи дека Борусија Дортмунд ќе биде лесен залак во финалето.

– Ако бидеме најискрени, знаеме дека Сити е најдобар тим во светот. За мене Сити е најдобар тим во светот, тие го играат најубавиот фудбал.

– Најтешкиот меч го оставивме зад нас, но тоа не значи дека сега ќе биде лесно во финалето. Со Баерн беше многу тешко, а тешко ќе биде и со Борусија. Сите знаеме каква историја има Реал во финалињата, се надевам дека така и ќе остане. Според мене нема фаворит во едно финале и шансите се 50-50 за секој од двата тима, – вели Родриго во „Џи-Кју“ магазинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни