АТП
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот

Информацијата за спогодбата на Јаник Синер и Светската анти-допинг агенција предизвика многу реакции и меѓу колегите на Италијанецот, a покрај очекуваната негативна реакција од Ник Кирјос, во сличен стил реагираше и Станислас Вавринка.
Швајцарскиот ветеран со освоени грен-слем титули во својата кариера со краток коментар истакна што мисли за тримесечната суспензија на Синер поради позитивните допинг тестови од минатата година.
– Не верувам во чист спорт повеќе… – напиша Вавринка на социјалните мрежи.
Швајцарецот се воздржал од одговор на коментарите под неговиот пост, но интересно е да се издвои дека Фелисијано Лопез му реплицирал меѓу првите, застанувајќи во одбрана на помладиот италијански колега.
– Јасно е дека не направил ништо за да ги подобри своите перформанси, тоа е докажано. Презема целосна одговорност за туѓи грешки, дали подолга суспензија ќе го направеше спортот чист? Не верувам, – напишал Лопез кој неодамна ја заврши кариерата.
-
Репрезентација22 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства22 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Светски првенства13 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства10 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП13 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства12 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!