Поврзете се со нас

АТП

Вавринка го откажа настапот на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Станислас Вавринка е уште едно големо тениско име кое реши да не настапува на претстојниот грен-слем Ју-Ес Опен.

Швајцарецот денеска ја информираше јавноста дека е загрижен за ситуацијата со коронавирусот во Њујорк, па затоа решил да го пропушти овој турнир.

– Гледам посебно загрижувачка здравствена ситуација во Њујорк, не сакам да патувам во САД под тие услови, – објасни Вавринка кој очигледно не е задоволен ниту од специфичните услови поставени од организаторите.

Наместо на Ју-Ес Опен, Вавринка решил да учествува на неколку челинџер турнири и тоа за да се подготви подобро за Ролан Гарос.

Ју-Ес Опен ќе се одржи меѓу 31 август и 13 септември, а настапот веќе го откажаа и Рафаел Надал и Ник Кирјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни