Поврзете се со нас

АТП

Вавринка го доби дуелот на ветерани против Мари на Ролан Гарос

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/rolandgarros

Станислас Вавринка го победи Енди Мари со 3:0 во сетови и обезбеди втора рунда на тенискиот грен-слем Ролан Гарос.

Швајцарецот кој е две години повозрасен од 37-годишниот Мари, ги доби трите сета со 6:4/6:4/6:2 и на тој начин може и ја затвори приказната на шкотскиот тенисер на овој турнир.

Тоа се однесува барем во сингл конкуренција, бидејќи Мари допрва ќе настапи во дубл со сонародникот Дан Еванс, но британските медиуми сметаат дека оваа година ќе му биде последна на грен-слем шампионот во тениската кариера.

За Мари ова беше прв настап во Париз по поразот во првото коло во 2020 година, односно поразот во полуфиналето во 2017 година, во двете ситуации подобар од него повторно беше неговиот голем ривал Вавринка.

Следен противник на Швајцарецот ќе биде подобриот од мечот меѓу Нори и Котов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни