Поврзете се со нас

Балкан

Васоски си оди од Академија Пандев и влегува во прв посериозен интернационален предизвик

Објавено

на

Тренерот на Академија Пандев, Александар Васоски би можел да го напушти струмичкиот клуб оваа зима откако за него сериозно се заинтересирал гигантот од Босна и Херцеговина, Сараево.

Васоски врши одлична работа со тимот на Академија Пандев со кој се наоѓа на втората позиција на табелата во македонскиот шампионат.

Сараево пак, веќе неколку сезони се мачи да се врати на старата слава, а досегашниот тренер, Горан Саблиќ воопшто не се снајде, па во последните денови од минатата година и официјално доби отказ.

Според медиумот „СпортСпорт.ба“, токму Васоски е тренерот кој во моментов е најреална опција за бордо клубот.

Во главниот град на Босна и Херцеговина, Васоски треба да пристигне во следните неколку денови кога ќе следат и преговори за неговиот ангажман во клубот кој е бренд на босанскиот и екс- југословенскиот фудбал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни