Поврзете се со нас

Балкан

Васоски: Сараево е голем клуб, одлични навивачи, традиција…

Објавено

на

Поранешниот тренер на Вардар и досегашен предводник на Академија Пандев, Александар Васоски е на добар пат да го започне првиот интернациален предизвик како стратег и тоа на кормилото на Сараево.

Медиумите во Босна и Херцеговина веќе информираа дека Васоски се договори со клубот од „Кошево“ и ќе застане на клупата на овој тим за кого долго време настапува Крсте Велкоски. Оваа вест ја потврди и самиот Васоски кој се радува на оваа задача, но притоа порача да се има трпение, односно официјално да се потврди договорот.

-Разговаравме и на добар пат се да биде дефинитивно. Велам, имам уште една формална работа да завршам во Македонија и затоа ви кажав дека 99 отсто сум нов тренер на Сараево. Да оставиме да биде официјализирано, -истакнал популарниот тетовче за агенцијата Анадолу.

-Многу ми значи. Одличен клуб, одлични навивачи, традиција, трофеи… Но ве молам почекајте уште малку и тогаш ќе можеме да зборуваме многу поконкретно за сè, -додаде Васоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни