Поврзете се со нас

Македонија

Васоски: Не криеме, сакаме да ја освоиме шампионската титула

Објавено

на

Се враќаат возбудувањата на домашната фудбалска сцена, а еден од клубовите кои најмногу привлекува внимание дефинитивно е Силекс.

Составот од Кратово имаше одлична есенска полусезона и со 37 бода е на врвот на табелата во ПМФЛ заедно со Шкендија и Работнички.

Некогашниот македонски шампион донесе и неколку засилување, па клубот веќе не крие дека целта е да се освои титулата во натпреварувачката 2024/2025.

-Со оглед на тоа дека сме есенски шампиони, секако го оценувам мошне задоволително од наша страна, а во пролетниот дел секако задачата за да се одбрани тоа прво место ќе биде ѓаволски тешка, бидејќи знаеме дека се бориме со доста квалитетни екипи. Меѓутоа, кога веќе докажавме дека во 18 натпревари можеме да бидеме први, зашто не и во останатите 15. Така што апсолутно веќе не криеме дека целта е оваа година, со Божја помош, да ја освоиме шампионската титула, -порача тренерот Александар Васоски кој говореше за соочувањето со Тиквеш.

-Секако, ќе не очекува еден тежок натпревар. Екипата на Тиквеш е минатогодишен освојувач на купот, а ќе дојде во Кратово, сигурно нема да дојде да се предаде. Секогаш првите натпревари по подготовките се тешки, така што очекувам еден тежок натпревар. Се надевам само дека временските услови ќе ни бидат добри и дека ќе пробаме да ја отвориме сезоната со првите три бода, -истакна популарниот тетовче.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни