Поврзете се со нас

Македонија

Васоски: Имаме мала предност во финалето

Објавено

на

Александар Васоски на средина на сезоната си замина од Вардар и во пролетниот дел од шампионатот успеа да избори опстанок со Академија Пандев, а сега е пред својот најголем натпревар во тренерската кариера.

Неговиот тим ќе игра во големото финале во Купот кое е закажано за утре на Националната „Тодор Проески“ (19:00 часот), а противници на струмичани ќе биде составот на Силекс предводен од стручњакот Горан Симов.

За разлика од Академија Пандев, Силекс не може да размислува само на утрешното финале, бидејќи после овој дуел, ги чека бараж за опстанок во Првата фудбалската лига во Македонија.

– Во едно финале, шансите за секој тим се подеднакви. Шансите се 50-50, иако можеби ќе имаме мала предност што ние обезбедивме опстанок, а Силекс ќе треба да игра бараж. Ние ќе мислиме само на финалето, а тие ќе имаат и други мисли, – изјави Васоски како тренер на тимот кој е бранител на титулата во Купот.

– Очекуваме да ја одбраниме титулата и да го задржиме трофејот во наша посед. Секое финале се игра за да се победи и така ќе пристапиме на оваа средба. Сите играчи се максимално мотивирани, – додаде тренерот на „пандевци“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни