Поврзете се со нас

Македонија

Васоски им честиташе титула на своите фудбалери: Уживав во секој тренинг и натпревар

Објавено

на

Одлуката на Фудбалската федерација на Македонија да го прекине првенството без да прогласи шампион, очекувано наиде на многу критики од таборот и навивачите на Вардар, екипата која имаше сериозна предност во однос на ривалите пред најавениот рестарт.

Иако ФК Вардар се уште нема официјален став, дел од фудбалерите го изразија своето негодување за според нив нанесената неправда на сметка на скопскиот состав, а тренерот Александар Васоски преку социјалните мрежи им ја честиташе титулата на своите фудбалери.

– Сакам да ја честитам титулата на моите фудбалери, повеќе од заслужена. Ми беше чест и задоволство да работам со вас, уживав во секој тренинг, во секој натпревар!

– Со просек од можеби не повеќе од 22 години, не направи најмлад тим кој освоил титула, со огромен потенцијал на една генерација фудбалери кои се уште го немаат кажано последниот збор, – напиша Васоски, а својата Фејсбук порака ја заврши со апел до ФФМ да ја преиспита одлуката за ваков прекин на сезоната.

– Се надевам ФФМ ќе ја исправи грешката, сепак статистиката е само број, – напиша тренерот на Вардар.

Претходно, Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот на Комисијата за натпреварување за прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ и натпреварувањето во Купот на Македонија.

Следејќи ја здравствената состојба во нашата држава, посебно во последните неколку денови и ситуацијата со позитивните тестови на вирусот Covid-19 потврдени кај неколкумина фудбалери од ФК Ренова и ФК Шкендија, потоа процесот на самоизолација од две седмици кои треба да го помине целиот тим на ФК Ренова, како и неможноста во вакви, вонредни услови, земајќи го во предвид и ограничувањето на движење, клубовите да го продолжат тренинг процесот пропишан во здравствениот протокол, Управниот одбор донесе одлука да ја прекине натпреварувачката сезона 2019/2020 во Прва МФЛ, стои во образложените на ФФМ.

При прекинот на првенството, Вардар беше лидер со 46 бодови, а следуваа Силекс со 36 и Шкендија со 35 бодови.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни