Балкан
Васоски ги шокираше Босанците и си поднесе оставка пред финалето во Купот

Сараево вечерва ремизираше во дербито против Железничар со резултат 1:1, натпревар кој се покажува како последен за Александар Васоски на кормилото на домашниот тим.
Поранешниот тренер на Вардар и Академија Пандев не одработи ниту една полусезона како шеф на стручниот штаб на Сараево, бидејќи самостојно реши да си поднесе оставка после низата неповолни резултати, но и конфликтот со македонскиот интернационалец Велкоски.
Македонскиот стручњак на прес-конференцијата зборувал за епилогот од мечот, но ги шокирал новинарите со објавата за повлекување од функцијата на неколку дена пред финалето во Купот.
– Поради низата слаби резултати, јас ја презимам одговорноста и поднесувам оставка. Тоа е најдобра шок терапија пред финалето во Купот. На тимот му посакувам се најдобро, им се заблагодарувам на навивачите.
– Имав краток разговор со управата, размислував за ова и после мечот со Борец, али мислев дека ќе победиме на двата меча на домашен терен. Не го победивме Жељо и тоа е тоа. Ви благодарам за се и ви посакувам се најдобро, – изјавил Васоски.
Сараево следниов викенд игра во домашното првенство против Широки, а на 19-ти мај игра против Вележ во финалето на Купот.
-
Македонијапред 13 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Англијапред 21 час
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 18 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Шпанијапред 21 час
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 20 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 11 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Македонијапред 13 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!