Поврзете се со нас

Македонија

Васоски ги построи „вардарци“: Четири нови играчи и неизвесна судбина (Фото)

Објавено

на

Вардар втора година по ред не доби лиценца за излез во Европа поради огромните долгови кои ги има, па во моменти кога неизвесноста за нормалната работа на клубот е поголема од било кога, играчите на најтрофејниот македонски клуб ги започнаа најтажните подготовки за новата сезона.

Тренерот Александар Васоски ги построи играчите кои останаа во фудбалската база во Хиподром, без оглед на тоа што за добар дел од нив не се знае дали ќе останат во клубот кој има многу работи за решавање до стартот на сезоната.

Почетокот е закажан за десетина дена и малку веројатно е дека сите административни работи ќе бидат решени до стартот на првото коло, но ако ништо друго, Вардар и во ваква ситуација успеа да привлече четири засилувања.

Добрите познаници Дејан Блажевски, Филип Петковски, Виктор Велковски и Бојан Најденов треба да бидат засилувања за тимот, чие лице сепак е комплетно не познато на неполни две седмици пред стартот на новата натпреварувачка сезона.

Вардар ќе ја започне истата како актуелен национален шампион, но поради големата финансиска криза, нема да ја претставува нашата земја во Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни