Поврзете се со нас

Балкан

Васоски: Целите се поставени, сакам Сараево да игра атрактивно и офанзивно

Објавено

на

Македонскиот фудбалски стартег, Александар Васоски тргнува во својот прв предизвик надвор од нашата земја и тоа во Босна и Херцеговина каде ќе биде предводник на Сараево.

Тој денеска официјално беше претставен како нов тренер на клубот од „Кошево“ и веднаш ги посочи главните цели до крајот на сезонава.

-Чест и задоволство што мене ме препознаа да бидам дел од голем клуб како Сараево. Тоа е задоволство, но и голема обврска, но можам да го износам тоа на мои плеќи. Првата цел сезонава е клубот да излезе во Европа и да го освои Купот, а долгорочно да воспостави млади играчи во првиот тим и зошто да не и во репрезентацијата на БиХ. Заедно овој проект ќе го туркаме напред, -рече Васоски кој воедно откри како сака да игра неговата екипа.

-Не сакам да зборувам лошо за мојот претходник. Ги гледав тие натпревари што Сараево ги играше на домашен терен и имаа премалку вистински шанси на натпреварите. Сакам да играме атрактивно и офанзивно, но тоа да има смисла и успех. Свесен сум за притисокот бидејќи работев во таков клуб. Тоа не ми е непознато и сакам да работам во клубови кои го извлекуваат максимумот од мене, -порача популарниот тетовче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни