Лига на нации
Василјев: Македонија е фаворит, но можеме да ги изненадиме

Македонската репрезентација утре ја пречекува Естонија во меч од петтото коло од група 2 од дивизијата Ц во Лигата на нации, средба на која важиме за фаворити без разлика на отсуството на неколку важни играчи како Пандев, Барди, Адеми, Алиоски и голманот Димитриевски.
Селекторот Игор Ангеловски истакна дека тимот е емотивно испразнет по големиот успех и пласманот на Европското првенство, но и дека ќе се направи се за да се оствари позитивен резултат, победа со која ќе останеме на првото место во групата.
Меѓутоа Естонците исто така се надеваат и веруваат дека можат да ја искористат нашата ситуација и дојдат до изненадување во Скопје.
-Двата тима имаат свои цели и очекувам да дадат проценти. Македонија е фаворит на домашен терен, но верувам дека ќе имаме шанси, па ако ги искористиме ќе можеме да одиме дома со добар резултат, -истакна ветеранот Константин Василјев.
Предводникот пак на Естонците, Карел Волаид очекува сосема спротивен меч од оној во Талин кога одигравме 3-3.
-Во фудбалот се можни многу работи. За нас беше изненадување 3:3, бидејќи Македонија е силна во одбрана. Очекувам дека утрешната средба нема да биде толку отворена и дека нема да има многу голови.
-Тој натпревар беше чуден, многумина од навивачите мислеа дека се е готово и дека ќе ги освоиме трите бода, но на крајот се покажа дека треба повеќе да го почитуваме противникот. Македнија не играше со најсилниот состав и во Талин, сега ќе бидат без Пандев кој е национален херој, но ние мораме да бидеме подготвени за една силна Македнија, -порача Волаид.
Средбата Македонија-Естонија се игра утре во Скопје од 15 часот.

- Шпанијапред 16 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 18 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 15 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 17 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 19 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 20 часа
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 15 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 16 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити