Поврзете се со нас

Македонија

Василевски стави потпис на нов договор со Бутел

Објавено

на

blank

Ракометниот тим Бутел успеа да ја продолжи соработката со уште еден играч-тоа е Кристијан Василевски.

Василевски е седмиот ракометар кој стави потпис на нов договор и многу му е драго што останува во Бутел.

-Привилегијата да се игра за овој клуб, да се дели секоја педа од теренот со Боки, Ратче, Јоцо и Мојсо, да се гледа како покрај себе младите созреваат како ракометари, а уште повеќе како луѓе, и покрај мојот професионален ангажман надвор од ракометот беа и повеќе од доволна причина да ја продолжам соработката со Бутел Скопје, -истакна Василевски.

Претходно македонскиот прволигаш ги обнови договорите со Младеновски, Мајиќ, Печенковски, Мојсоски, Ѓоргиевски и Божиновски.

Да потсетиме, Бутел во наредната сезона ќе не претставува во Лигата на Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни