Поврзете се со нас

Македонија

Василевски и Бошкоски нови имиња во ГРК Охрид

Објавено

на

Екипата на ГРК Охрид продолжува да биде супер активна и да го гради составот за наредната сезона со тоа што најновите засилувања се Виктор Василевски и Стефан Бошкоски.

Голманот Василевски доаѓа во Охрид од редовите на Голден Арт, додека пак Бошкоски во новата средина пристигна од Јехона.

Популарните „гладијатори“ претходно ги добија потписите на Никола Грубиќ, Владимир Бојаниќ, Тоше Ончев, Даниел Андоновски, Зураб Цинцадзе и Хазеин Рустамов.

Во клубот на тренерска позиција се врати Горан Андоновски, останаа пак Крсте Андоновски, Иван Тасески, Наум Костов и Кристијан Димитриески, додека први професионални договори потпишаа Никола Шипинкоски, Никола Ристески и Владимир Наумоски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни