Поврзете се со нас

Репрезентација

Василев одбра 12 момци за ФИБА турнирот во Скопје

Објавено

на

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години, Никола Василев го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета на престојниот ФИБА „Челенџер“ турнир кој од 3. до 8. август ќе се одржи во Скопје.

Средбите ќе ги играме во СРЦ „Кале“ во Скопје и тоа од терминот од 21 часот, а наши противници ќе бидат Хрватска, Грузија, Шпанија, Србија и Германија.

На списокот на Василев се најдоа следниве момци: Андреј Митревски, Филип Наков, Марин Петков, Никола Василевски, Резарт Мемед, Амар Хот, Тома Стојановски, Димитар Иванов, Мирослав Ѓорѓевиќ, Горазд Величковски, Теон Богатиновски и Павел Атанасов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни