Поврзете се со нас

НБА

Вашингтон од минус 17 до славје против шампионот, Јута со нов тројкашки рекорд го потопи Шарлот (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Вашингтон Визардс го направи најпријатното изненадување во НБА лигата и по голема борба славеше на гостувањето во Лос Анџелес кај Лејкерс со 127-124.

Домашниот состав водеше со 17 разлика во третиот период, меѓутоа гостите од американската престолнина не се предадоа, покажаа карактер, знаење и веќе до крајот на овој период дојдоа само на минус шест за да во завршните 12 минути видиме повторно квалитетна игра, бришење на „негативата“ за конечни 115-115 што значеше продолженија во „Стејплс Центарот“.

Во дополнителните минути Вашингтон беше подобар со 12-9 и со тоа дојде до петтиот триумф во низа во најсилната лига на светот. Бил даде 33 поени со 7 скокови и 6 асистенции, Вестбрук пак имаше 32 кошеви со 14 скокови и 9 асистенции.

На спротивната страна Леброн беше број еден со 31 поен, 9 скокови и 13 асистенции.

Најдобрата екипа во лигата, Јута Џез дојде до 25 славје во сезоната и тоа против Шарлот Хорнетс со 132-110. „Џезерите“ беа брилијантни, поставија нов клупски рекорд со 28 погодени тројки, Мичел беше прв стрелец со 23 поени.

Бол и Хејворд на спротивната страна беа автори на 21 кош.

Резултати:
Хјустон – Чикаго 100:120
Далас – Мемфис 102:92
Оклахома – Мајами 94:108
Феникс – Портланд 132:100
Јута – Шарлот 132:110
ЛА Лејкерс – Вашингтон 124:127
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни