Поврзете се со нас

Свет

Вашингтон и Јакимовски газат се пред себе, Македонецот со нов одличен натпревар

Објавено

на

Младиот македонски кошаркар, Андреј Јакимовски продолжува со своите одлични изданија во дресот на универзитетскиот тим на Вашингтон Кугарс.

Во развојната НЦАА Лига, Вашингтон продолжи со перфектниот учинок славејќи и во седмиот натпревар. Кугарси овојпат беа подобри од Прејри Вју со убедливи 90:62.

Нашиот Јакимовски одигра уште еден сосема солиден натпревар продолжувајќи го својот стандард со двоцифрен број на поени. Средбата ја заврши со 11 постигнати поени, четири скокови и по една асистенција и одземена топка.

Јакимовски е специјалист за тројки, па сите поени кои ги постигна од игра на овој натпревар беа за три поени, а додаде два и од линијата за слободни фрлања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни