Поврзете се со нас

Европски првенства

Варга со прва објава на социјалните мрежи по претрпениот шок на ЕП (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/varga.barnabas

Барнабас Варга падна во бессознание и мораше да биде освестуван од лекарите во Штутгарт, откако напаѓачот на Унгарија падна како покосен по еден непријатен судир во противничкиот шеснаесетник.

Самиот пад на теренот беше јасен сигнал дека станува збор за посериозна повреда, а Унгарците во раните утрински часови информираа дека напаѓачот заработил неколку фрактури во пределот на лицето.

Варга подлегнал на операција ова попладне и интервенцијата била успешно завршена, па иако првенството е завршено за него, најважно е што го завршува целиот инцидент без посериозни последици.

29-годишниот напаѓач денеска ја имаше и првата објава на социјалните мрежи, а тоа е пораката која ја испати неговата сопруга.

– Ви благодариме за убавите пораки и за поддршката која ја добиваме. Барни ја заврши операцијата. Сега следи малку одмор, но ќе биде добро!, – гласи охрабрувачката порака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни