Поврзете се со нас

Англија

Варди промаши зицер, па за казна си мавна бокс во глава (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/LCFC

Лестер се обидува експресно да се врати во Премиер лигата и засега добро му оди со оглед на тоа што по 17. кола е на првото место во Чемпионшип.

„Лисиците“ вчера им се вратија на победите и тоа против Вотфорд кој го совладаа со погодоците на Џејми Варди во 76 и 95 минута. Меѓутоа ветеранот пред да ги даде овие голови промаши еден зицер при резултат 0-0, па збесна, се казни и си удри бокс во глава.

Ама ова не е непознато за напаѓачот кој и во минатото знаел да се прослави со вакви потези како на пресметката со Севилја во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни