Поврзете се со нас

Англија

Варди повторно им се потсмеваше на навивачите на Тотенхем, овојпат изнуди реакција и од Марез (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LCFC

Џејми Варди доби нова шанса да се потсмева со навивачите на Тотенхем, овојпат на нивни терен во Северен Лондон.

Откако пред пет месеци им фаќаше сеир за тоа што немаат освоено титула во Премиер лигата на натпреварот кој се одигра на „Кинг Пауер“, Варди вчера издоминира и во домот на „петлите“, и тоа откако постигна израмнувачки гол.

Извонредниот голгетер ја погоди празната мрежа за 1:1 и го најави пресвртот на гостите кои во продолжение славеа со 1:2, но најголемо внимание привлече прославата на Џејми.

Варди одново ги потсети навивачите на Тотенхем дека немаа освоено ниту една титула во англиската елита, а бидејќи оваа реакција ја повторува вторпат во низа во дуелите со тимот од Северен Лондон, напаѓачот изнуди реакција и од својот поранешен соиграч, Ријад Марез.

– Никогаш не се менувај……..

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни