Варди откри интересна анегдота за скромниот Канте

kante-dres

Францускиот репрезентативец Н’Голо Канте е познат како еден од најскромните фудбалери во елитните фудбалски лиги, а во таа насока оди и анегдотата која ја откри неговиот поранешен соиграч, Џејми Варди.

Варди и Канте заедно ја освоија шампионската титула во Премиер лигата, а во меѓувреме Французинот се пресели во Челси.

– Се сеќавам кога дојде во Лестер. Не сакаше да земе автомобил затоа што планирал да доаѓа на тренинг со трчање. Тоа му било навика и не сакал да ја менува, – открил напаѓачот. Дури и подоцна додека доаѓаше на тренинзите на Челси, Канте возеше скромен Мини Купер.

– Тој беше навистина фино момче надвор од теренот. Но на терен, тој е вистинска напаст, каде и да е топката тој ќе се појави и ќе ви ја земе, – шеговито коментира Варди.

Facebook Коментари