Вардарки на домашен терен ќе го заверуваат пласманот на Ф4 во Будимпешта

Vardar-Larvik5

ЖРК Вардар за свој противник во четвртфиналето во Лигата на шампионите ќе го има данскиот тим Митјиланд, а денеска нашиот женски ракометен првак во својот последен поход кон титулата во елитното натпреварување дозна дека решавачкиот меч за нов влез на Ф4 турнирот ќе го игра пред домашна публика.

ЕХФ денеска ги објави термнити и саатниците на четирите двобои во четвртфиналната фаза, а добра вест е тоа што вардарки реваншот кој е закажан за 14-ти април ќе го играат во домашната „Јане Сандански“ арена. Овој натпревар ќе биде на програмата во 17:00 часот, додека првиот меч во Данска ќе се игра на 6-ти април во 19:00 часот.

Завршниот турнир во Будимпешта традиционално е на програмата во месец мај, а покрај Вардар и Митјиланд, за истиот уште во игра се екипите на ЦСМ Букурешт, Мец, ФТЦ, Ростов Дон, Будуќност и Ѓер.

Facebook Коментари