Вардарки го добија последниот противник во групната фаза на Лигата на шампиони

vardarki

Вардар ја доби последната екипа која ќе игра во групната фаза на Лигата на шампиони, тоа е екипата на Турингер од Германија.Германките со две победи без никакви проблеми, најпрвин ги победија Хорс со резултат 33-24, а претходно беа подобри од Атлетико Гуардес со 31:21.

Првиот дуел со Турингер во Ц групата од ЛШ ќе се игра во периодот од 13 до 15 октомври на гости, а реваншот е на 17 ноември во Скопје.

Инаку, ова за варадарки ќе биде четврто меѓусебно соочување во Лигата на шампионите. Во сезоната 2016/2017 на домашен терен во Скопје извојува победа со 36-26, а на гости со 31-29.

Првпат, ,,црвено-црните’’ играа во сезоната 2013/2014 и тоа нерешено во гости 24-24, а победија дома со 31-25. Наредната 2014/2015 сезона повторно играаа и Турингер победи на домашен терен 21-20, а во Скопје победи Вардар 26-21.

 

Facebook Коментари