Свет
„Вардарецот“ Парондо нема повеќе да биде селектор на Египет

Некогашниот тренер на Вардар, Роберто Гарсија Парондо нема повеќе да ја води репрезентацијата на Египет.
Шпанецот од 2019 беше предводник на „фараоните“ со кои имаше одлични резултати, освои две титули на првенствата на Африка, потоа четвртото место на ОИ во Токио, а на СП во 2019 и 2021 година ги однесе до седмата позиција.
Причината за разделбата е тоа што Парондо не секаше целосно да му се посвети на Египет, односно сакаше да продолжи да работи и на клупско ниво каде ја продолжи соработката соо бундеслигашот Мелзунген.
-Сакавме селекторот да се посвети само на репрезентацијата, но тој одлучи да го продолжи договорот до 2025 година со Мелсунген пред почетокот на СП. Решивме да не го продолжиме договорот и поради тоа што целта беше да се игра полуфиналето, -се вели во соопштението на генералниот секретар на федерацијата, Амр Салах.
Парондо и е многу добро познат на македонската јавност затоа што на Вардар му донесе европска титула, претходно работеше и женскиот тим, но и беше асистент во најдорбата машка селекција.
-
Македонијапред 6 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Англијапред 16 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Лига на шампионипред 3 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Германијапред 15 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 14 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 13 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 16 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 17 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……