Поврзете се со нас

Македонија

Вардарецот Јотиќ интересен за клуб од Бундеслигата

Објавено

на

Еден од најдобрите играчи на Вардар, Ловро Јотиќ е на мета на германскиот ракометен прволигаш Лајпциг.

Бундеслигашот е во потрага по замена за Филип Вебер, па според реномираниот „Билд“ една од опциите е Лотиќ кој од оваа сезона е дел од „црвено-црните“. Хрватот ја покрива средната бековска позиција, но може да одговори и на левата што секако го прави интересен за Лајпциг кој во моментов е на 12 место во шампионатот.

Останува да видиме што Вардар има да каже за овој интерес, но секако и самиот Јотиќ кој пред да дојде во Скопје играше во Битола во Еурофарм Пелистер, додека претходно освен во Хрватска настапува во Данска во Алборг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни