Поврзете се со нас

Македонија

Вардарецот Јасухира ќе игра за клуб од Кувајт

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkvardar

Косуке Јасухира е еден од играчите кој ја одбележи досегашната сезона на Вардар 1961, играч кој е „мотор“, двигател на играта на „црвено-црните“ кои во изминатиов период не можеа да сметаат на неговите услуги затоа што тој беше активен за својата репрезентација во квалификациите за ОИ.

Скопскиот тим и понатаму ќе биде без него затоа што Јапонецот има договорено ангажман во Ал Кадсија од Кувајт, поточно ќе го засили овој тим за претстојниот азиски клупски шампионат кој на програмата е од 17 до 26 ноември.

По завршувањето на позајмицата треба да се врати во Скопје, меѓутоа Вардар во наредниот период, месец ноември има средби со Бутел, Пролет, Прилеп и Вардар Неготино што значи дека без „самурајот“ двократниот европски шампион ќе треба да дојде до посакуваните резултати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни