Поврзете се со нас

Македонија

Вардарци по неуспешната сезона: Следи анализа, клубот ќе се врати посилен како никогаш

Објавено

на

Тимот на Вардар не успеа да обезбеди експресен кам-бек во првата лига, односно и во наредната сезона ќе мора да игра во второлигашката конкуренција.

Најтрофејниот македонски клуб го освои третото место во ВМФЛ-Запад зад Силекс и Воска Спорт што секако е разочарувачки резултат за самиот тим и секако навивачите. Денеска се огласија луѓето од управата на „црвени-црните“ кои најавија анализа, но и ветија многу посилен Вардар во иднина.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

По завршувањето на оваа сезона и по неуспехот да се оствари главната зацртана цел со должна почит кон сите наши симпатизери време е за да ги резимираме работите.
Фудбалскиот клуб Вардар на почетокот на оваа сезона ги преживуваше најтешките мигови во својата 75-годишна историја.
Вардар не е обичен клуб. Вардар е иконата на македонскиот спорт и за сите што себеси се идентификуваат со Македонија и со најдоброто од Македонија на фудбалски план. Нека им е на чест на сите што придонесоа најголемиот клуб да се најде на работ на егзистенцијата и да испадне во втора лига и што ја доведоа скопската гордост на работ на згаснување со лошото управување со клубот.
Изминатава сезона беше турбулентна, со лоши и добри моменти за кои што секако делумна вина постои и кај нас во управата.
Но, ние го гледаме Вардар како долгорочен проект за враќање на стариот сјај и тоа е процес кој што неможе да се реализира преку ноќ иако притисокот од сите е голем соодветно за името кое што го носиме.
Сега следи период на анализа, по кој што во блиска иднина ќе излеземе со комплетно нова организациоска поставеност и структура на управниот одбор за управување со клубот како и зајакнување на финансиското работење и зголемување на буџетот.
Најаувваме и враќање на стариот сјај на познатата вардарова школа за млади играчи, кои што во иднина ќе бидат столбот на нашиот клуб.
Вардар ќе се врати посилен како никогаш во тоа бидете сигурни. Ќе застане повторно на нозе спортската и фудбалска гордост на Македонија и ќе имаат одново причини за радост и за славење сите симпатизери и навивачи.
Секогаш и секаде со Вардар!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни